(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Од:

Денешната прес-конференција е реакција на појавата во јавност на поранешниот претседател на СДСМ и премиер на државата, кој што, нели, формално, уште од почетокот на 2022-та година, не е во политиката. Но, јасно е дека ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и во време на актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче. Што е најдобар доказ на она што го зборуваме постојано, а тоа е дека се во целосна координација и дека лидерот во сенка на СДСМ, е токму Зоран Заев. Со истиот вординг, којшто го користи и Филипче, што укажува на тоа дека на дневна основа се координираат со него и толку се блиски, што дури и исто се изразуваат. Или, можеби, исти човек од заедничкиот тим им ги пишува и говорите и статусите и на едниот и на другиот, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сепак, од она што го напиша се гледаат неколку работи. Прво, со тоа што кажа и што го кажува ќе мора да внимаваме да не ни ја повлече државата со себе во провалијата, затоа што јасно е дека она што го прочитавме е израз на паника и на страв. Втората работа, многу е јасно дека СДСМ, ваков СДСМ има само една цел, а тоа е да заштити одредени елити во рамки на самата политичка партија и ништо повеќе од тоа. И затоа е толку голем отпорот кон реформи во судство и обвинителство и тоа е последниот бастион, последната одбрана на неколку елити во СДСМ и овој СДСМ служи само на Зоран Заев и служи на ДУИ и на Али Ахмети, коишто гледаат своја повторна можност, повторна шанса во политиката.

Човекот којшто ги нанесе најголемите национални порази на Македонија, најголемите национални предавства и во чиешто време криминалот цветаше и корупцијата царуваше во чие што време се случија најголемите корупциски афери, наеднаш се појавува во кампањата за да му покаже и на Венко Филипче и на цел СДСМ кој во суштина ја води партијата. И затоа е потребна една масовна референдумска излезност на вие избори, да се заврши работата уште на 19 октомври, за еднаш засекогаш да се стави крај на овие корумпирани елити чијашто единствена цел е заштита на себе и на своите блиски.

Ова е многу јасно и од начинот на настап и од она што го зборуваат. А впрочем дека имаат концесии, особено од источниот сосед многу јасно говори и декларацијата којашто ја понудија во македонското Собрание на само неколку дена пред почетокот на кампања којашто очигледно Заев ја пишувал, а Венко Филипче ја однесе. И затоа, мора да се стави една јасна линија и јасна граница од една страна, а од друга страна мора народот јасно да му се каже која е понудата на овие избори. Понудата на овие избори – од една страна се Зоран Заев, Али Ахмети и Венко Филипче, како помошник на Зоран Заев, а од друга страна се реформите, напредокот и она што го почнавме минатата година да го продолжиме со уште позасилено темпо, паралелно со силни реформи во судство и во обвинителство, рече тој.

Би можело да ве интересира

Тоневски: Со глас за број 9, Пробиштип добива нов правец, проекти за младите и развој на туризмот

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да понуди решение или аргументирана критика, СДСМ продолжува по старата, погрешна насока

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје

Предраг Петровиќ

Лeвица: Кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистичка реторика и етничка омраза кон македонскиот народ

Мицкоски: По 7 години грабеж и национално понижување од овие пред нас, ни требаше освежување и нова енергија

А1он