(ВИДЕО) Николоски: Постои огромна загриженост за регуларноста на претседетелските избори, притисоци, уцени, полнење на кутии

Од:

Во рамки на работната посета на Вашингтон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средби со Лук Кофи, директор за меѓународна политика на фондацијата Херитиџ, Метју Палмер, заменик помошник Секретар во Стејт Департментот, Пол Мекарти, директор за Европа во Меѓународниот Републикански Институт и Јан Ерик Суротчак, директор за трансатлански стратегии на Меѓународниот Републикански институт, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

На сите средби Николоски ја нагласи потребата од суштински реформи во Македонија во делот на владеење на правото и борба со корупција, економски реформи, реформи на јавната администрација. Овие реформи се предуслов за почеток на преговори за членство во ЕУ како и забрзување на процесот на членството во НАТО, посочил Николовски, соопштија од партија.

Николоски исто така го нагласил високото ниво на корупција во Владата кое зазема се пошироки размери и побара да се испратат јасни сигнали до Владата да почне силна борба со корупцијата во своите редови. Предупреди на мешањето на Владата во судството и обвинителството и инструментализацијата на истите во политички цели.

Со своите соговорници се осврна и на актуелните претседетелски избори како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

Нагласи дека постои огромна загриженост за регуларноста на претседетелските избори, притисоци и уцени на гласачи како и полнење на кутии. Побара да се испратат јасни пораки за потребата од одржување фер, демократски и компетитивни избори, како и да се испратат силни мониторинг мисии кои нема да го набљудуваат само изборниот ден, туку целиот предизборен процес.

„На средбите со Фондацијата Херитиџ и Меѓународнит Републикански Институт стана збор и за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со овие две престижни институции при што беше заклучено да се продлабочи соработката и да се работи на новите концепти и политики на ВМРО-ДПМНЕ. Работната посета на Вашингтон ја покажува посветоноста на ВМРО-ДПМНЕ кон градење близок и партнерски однос со САД како стратешки партнер на Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема потреба од паника во СДС, за сега не планираме да им земеме некој од коалицијата Левица – СДС – ДУИ, но нека кажат дали ќе се откажат од технички премиер од ДУИ

Николоски за Пендаровски: Тој е политичар фарса, лажна величина, по кој знае кој пат е фатен во лага

Николоски: СДСМ го штити и брани однесувањето на Џафери за ДУИ да не им излезе од влада

ВИДЕО: Бeса не поддржува модел со една, туку со три изборни единици

А1он

Почна објавувањето на првичните резултати од изборите

Мери Јордановска

Денешните претседателски избори со најмал одѕив досега

Мери Јордановска