ВИДЕО: Бeса не поддржува модел со една, туку со три изборни единици

Од:

Политичката партија од албанскиот блок Беса не поддржува модел со една, туку со три изборни единици, вели пратеникот Антонијо Милошоски по средбата со пратениците од Беса.

„Со колегите пратеници од Беса сме на заеднички став дека треба да има измени во изборниот модел со тоа што разликите се во бројот на изборни единици. ВМРО-ДПМНЕ смета дека би било подобро да биде една изборна единица, додека ставот на Беса е за три изборни единици“, изјави Милошоски.

Тој додаде дека главната заложба на сите е предложениот закон да влезе во собраниска процедура и да се одржи јавна дебата, а не да се чува, како што рече, во фиоката на спикерот Талат Џафери.

Милошоски додаде дека предложените закони не треба да се кријат, туку треба да се дискутираат, а мнозинството пратеници ќе си одлучат кој закон сметаат дека е поволен.

Тој вчера изјави дека ВМРО ДПМНЕ го поддржува изборниот модел една изборна единица.

Од Алијанса на Албанците претходно се изјаснија за 8 изборни единици и отворени гласачки листи.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски