ВИДЕО: Невреме во Скопје, улиците поплавени

Од:

Невремето со силен дожд кое вечерва го зафати Скопје, ги поплави градските улици и булевари и предизвика големи потешкотии во сообраќајот. На снимка од населбата Кисела Вода се гледаат вистински реки и преплавени шахти за атмосферска канализација, а поплавени се речиси сите улици во населбата.

Ништо подобра не е ситуацијата и во повеќе други скопски населби, а возењето автомобил низ улиците на главниот град вечерва е вистинска авантура.

Од УХМР и за утре прогнозираат нестабилно време со можни силни локални невремиња кои може да предизвикаат слив на поголеми количества вода во градските средини. Стабилизација на временските услови се очекува од понеделник, велат метеоролозите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски

Невремето предизвика големи штети во струмичко

(ВИДЕО) Бура во САД, има загинати и повредени, штетата е голема