(ВИДЕО) Невладините до „СОС“: Извинување или тужба

Од:

Невладините организации кои во последните неколку дена се цел на постојани напади од таканаречената иницијатива „СОС“ побараа извинување од Цветин Чилиманов, Никола Србов и Ненад Мирчевски во законски рок, во спротивно ќе поднесат тужби за навреда и клевета.

– Ова не е само оркестрирана хајка против Џорџ Сорос и неговата фондација, туку претставува хајка против отвореното општество, против независниот и непокорен граѓански глас. Со други зборови „СОС“ и на неговите здружување и дејствување, слободата на изразување и воопшто, сите демократски вредности и принципи. Затоа, тие во јавноста пласираат невистини, манипулативни податоци и лажни информации со една единствена намера – да го замолчат граѓанското општество, да ги дискредитираат и оцрнат неговите заложби и постигнувања, рече Филип Стојановски од Метаморфозис.

Според невладините, на последната прес конференција на „СОС“, на 4 февруари биле изречени купишта лаги, клевети и дезинформации кои тие категорично ги демантираат и ги отфрлаат како невистини.

– Потенцираме дека не сме сакале да ја дестабилизираме државата и не сме предизвикувлае криза. Не сме работеле за партиски цели на ниту една политичка партија, не сме наменски создадени пред избори, не сме ги информирале бегалците илегално да ја преминат границата, не сме биле плаќани за да одиме на протести, не сме добивале милиони на нашата сметка за партиски цели, рече Сања Богатиновска од ЏЕФ Македонија.

Тие обвинуваат дека изнесените манипулативни бројки кои се однесуваат на финансиското работење на невладините организации за 2016 година, за која се уште не се доставени завршни сметки упатуваат на можна злоупотреба на информациите кои ги поседуваат надлежните државни органи.

– Упатуваме порака до јавноста, односно до граѓаните на Република Македонија: Ние и натаму ќе останеме непоколебливо доследни на нашите заложби за слобода, демократија, еднаквост, правда и почитување на човековите права и натаму ќе работиме совесно, посветено, непартиски, независно, транспарентно и отчетно, рече Ленче Христова од Организацијата на Жени Струмица.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

Општински пари се трошат за проекти чија реализација никој не ја следи

Општински пари завршувале во здруженија на општинари и нивните деца

Кристијан Ландов

Без критериуми, три општини делеле илјадници евра на здруженија и спортски клубови

Кристијан Ландов

Владата додели 40 грантови на здруженија и фондации од речиси половина милион евра

А1он

Истражување на НВО: Општините немаат доволно капацитети за ефикасна инспекциска служба

А1он