(ВИДЕО) Нелоски: Дали е точно дека СДСМ троши 176 илјади евра за два дена реклами, дали се работи за рекетирани или народни пари?

Од:

„Лицемерието на СДСМ нема крај и се свесни дека паѓаат. Затоа лажните податоци, лажните вести ги лиферуваат преку скапи реклами во јавноста, за да трошат илјадници евра. Воедно ќе потсетам дека додека беа во опозиција беа против рекламирањето, а денес преку партиска сметка ги фалат лажните успеси на владата во заминување.

Фрлаат илјадници евра за да граѓаните ги трујат со измислени успеси и да се наметнат неуспесите на Заев и СДСМ како успеси.

Главното прашање е: Колку чини целиот трошок за рекламирање на Заев и СДСМ кој ги исплаќаат медиумите и чии пари трошат за рекламирање?“, прашува Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според некои анализи на добро упатени експерти, според пазарната вредност на рекламите, Зоран Заев и СДСМ, за својата пропаганда да ги разубедат граѓаните дека не одиме во провалија, на само 5 национални телевизии, конкретно за 10 и 11 декември има потрошено по 88.000 евра дневно или за двата дена вкупно 176.000 евра.

Оваа сума е според ценовникот пријавен во единствената официјална агенција која ги мери рејтинзите.

Значи за два дена 176 илјади евра, за реклами кои содржат лажни вести за фалење на владата во заминување.

Вистинското прашање е од каде се овие пари, СДСМ е должен да одговори дали тие ги трошат народните пари дадени од државното финансирање или се работи за рекетирани црни пари.

Дали СДСМ навистина троши 176 илјади евра за два дена или има обезбедено попуст на овие стандардни цени за реклами, а ако има попуст да одговори на кој начин истиот е обезбеден.

Ќе нагласам дека медиумите воопшто не се виновни, туку овие прашања се до СДСМ.

Залудни се сите обиди на Заев и СДСМ да се исперат од сите штети што ги направија на Македонија и граѓаните.

Ниту една скапа кампања, ниту една реклама нема да им ја промени ситуацијата на граѓаните, кои живеат од ден за ден и крпат крај со крај.

Тоа јасно се гледа и на анкетите кои што ги има и Зоран Заев и оттаму му е и оваа паника. Времето на транзициони политичари завршува. Политичарите како Зоран Заев, Шеќеринска ќе заминат во историјата бидејќи доаѓа Обнова на Македонија“, изјави Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски