(ВИДЕО) „Не“ за францускиот предлог: Македонија 80 години има свои институции, не ни требаат никакви комисии

Од:

Повеќе од две децении сум во вашите домови на фреквенцијата на македонската телевизија, пренесувајќи ви ги случувањата од Македонија и од светот. Јас како Гордана Ѓорчева, говорам на македонски јазик, а македонскиот јазик е моја алатка, изјави новинарката Гордана Ѓорчева на вчерашниот протест „Ултиматум – не благодарам“.

Таа истакна дека македонскиот јазик е сврзното ткиво меѓу Македонците, јазикот не е само средство за комуникација, македонскиот јазик во себе ги чува историјата, посебноста, традицијата, културата, македонскиот јазик во себе ја чува иднината.

– Невозможно е да се премолчи фактот дека соседна држава, соседен народ, соседна наука го негира постоењето на македонскиот народ и тоа да биде прифатено. Дури и како издвоено мислење тоа да биде нагласен дел помеѓу Македонија и ЕУ, тоа не може да биде дел од документ, барем не дел од ЕУ која почива врз начелото за правата на човекот, правата на еднаквостите, истакна Ѓорчева.

Таа посочи дека македонскиот јазик е јазик на кој е пренесувана македонската историја, македонскиот јазик е јазик на македонската наука, македонскиот јазик е јазик на македонската борба за слобода и еднаквост во припадноста во светската цивилизација.

– Негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европските интеграции со прифаќањето на еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите ниту за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки, рече Ѓорчева.

„Ова овде е улицата Илинденска, а се вика Илинденска заради насловот на Вапцаров, пишуваше за Илинденска, таму пишува дека вината не е наша, туку на некој друг и тоа некому му тежи како сто тона, и се ние Македонците ќе и раскажеме на мајката Македонија. Ете ја нашата историја, меѓутоа како да пишува за нашето време, за етноцид, културоцид и тоа замислете во 21 век“, рече универзитетската професорка Наташа Трајкова Котлар на вчерашниот протест пред платото на Владата на Република Македонија.

Котлар нагласи дека договорот за добрососедство со Бугарија не значи ниту мир, ниту рамноправност, туку лицемерие укажувајќи дека со овие барања Бугарија нема ништо европско во однесувањето.

Но, за да биде тоа уште полошо имаме два договори, Преспански и оној Бугарскиот. Овде гледаме триумфализам на оние кои што ни нудат европски вредности, наводен мит, рамноправност, добрососедство, убаво однесување а фактички лицемерие. Фактички Македонија дава европски вредности. Ние сме тие кои што имаме историја, идентитет, јазик, култура, и кои што треба да бидат заштитени од оние кои што сега ги слушаме, им порача Котлар.

Сакам да им порачам со зборовите на Горан Стефановски: не чепкај тука, кога ќе спечалиш и кога ќе заработиш, тогаш можеш да продаваш, а ова е наше, народно и македонско, изјави Котлар.

Таа потсети и на правото на самоопределување нагласувајќи дека секој народ во светот има право на самоопределување, па така и македонскиот народ го има истото тоа право.

– Секој народ во светото има право на самоопределување, така и македонскиот народ има право на самоопределување, изјави таа.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

(ВИДЕО) Влезе во затвор пиштолџијата Кока кој пукаше на протестот кај Скендербег

Кристијан Ландов

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on