(ВИДЕО) Навредите од Авировиќ со кои се премина црвената линија

Од:

Иако не е член на комисијата за политички систем, пратеничката од редовите на Социјалистичката партија на Македонија, Владанка Авировиќ два часа во континуитет ја навредуваше Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, по што таа одлучи дека нема никаква полезност повеќе да седи и да слуша навреди на нејзина сметка со злоупотреба на пратеничката функција.

Пред да замине од комисиската расправа, Јанева кажа дека е класичен мобинг кој нема намера да го трпи.

Додека ја напаѓаше Јанева дека ништо не сработила, Авировиќ како да подзаборави дека власта чиј дел е и таа, постојано врши опструкции врз Специјалното јавно обвинителство. Таа наместо да повика Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство да се заложи како мнозинство да се изгласа законот за заштитени сведоци и да поддржи продолжување на мандатот, држеше лекции како требало обвинителката да работи.

– Немојте да мислите дека вие сте тој објективниот во Македонија, црпнат како што вели Заев. Вие се појавивте на сцената и вие од денеска ќе го уредувате правосудниот систем на Република Македонија, рече Авировиќ.

Таа кажа дека констатациите на Јанева се неаргументирани, неточни и необјективни.

– За мене, сите што следат, поготово оние кои следат од меѓународната заедница, доколку некој обвинител од странство излезе на говорница и каже дека извештај како ги трошеле парите нема да даде, другиот ден нема да постои. Посвтено храбро, 24 часовно се занимавате со истрагите, а само 12% имате преслушано и уште неиспорачан резултат. Подобро да се фатевте за 2-3 предмети и целосно да ги завшревте, рече Авировиќ.

Авировиќ ја праша Јанева како може да ангажира стручни експерти од други земји, иако во законот за Специјално јавно обвинителство јасно стои дека Јанева може да ангажира меѓународна правна помош и соработка согласно закон и ратификуваните меѓународни документи.

sjo-megjunarodna-pomosh

– Вашата улога е повеќе политичка отколку правна. Сите кои се вклучени во СЈО се веќе со зафатена страна, господинот Грчев веќе има дадено толку изјави што ниеден суд нема да прифати негово вештачење. Ниту еден затоа што има субјективитет во неговите излагања. Има стотици инженери, професори, архитекти кои можевте да ги ангажирате. Иако ви го дал факултетот, дали разбирате дека има таму многу квалитетни луѓе, рече таа.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови