(ВИДЕО) Наков: Брзаат за да ги спасат насилниците, со новите докази пресудите ќе бидат преквалификувани

Од:

Ова е скандалозна пресуда, брзањето да се донесе пресуда укажува на планот и програмата на едно злосторничко здружение кое бега од правдата и вистината.

Целта на донесувањето на ваквите пресуди е да станат правосилни како не би можеле да бидат преквалификувани, изјави за А1он, поранешниот Јавен обвинител Александар Наков во однос на денешната пресуда за учесниците во насилниот упад во Собранието.

Тој вели дека сторителите на потешките кривични дела меѓу кои се и деветмината ќе бидат предмет на докажување во друга постапка.

– Јавното обвинителство од самите снимки од Собранието кои вчера излегоа во медиумите. веќе има нови докази во однос на деветмината и другите учесници во насилието, вели Наков.

Според поранешниот Јавен обвинител, на крвавиот четврток при насилното влегување во Собранието биле сторени и други кривични дела покрај делото учество во толпа која ќе спречи дејствување на службено лице на службена должност.

-Во севкупните настани од 27 април се сторени околу 28 потешки кривични дела како тешка телесна повреда, насилство, велепредавство, тероризам, обид за убиство по нарачка, вели Наков.

Откако деветмината учесници во насилниот упад во Собранието на денешното судење ја признаа вината, судијката Милка Васовска Ангеловска им изрече условна казна од 6 месеци.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање