Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Наќе Чулев во контекст на прераспределбите во МВР изминатите три дена, подвлече дека „е потребен одреден период за согледување на состојбата, по што, за најмногу неколку дена, официјално ќе бидат соопштени за во најголем дел незаконски издадените решенија“.
Наќе Чулев најави дека ќе изврши увид во состојбите во Министерството и ќе ја информираат јавноста доколку имало издадено незаконски решенија за вработување.
-Мој приоритет во наредниот период ќе биде организирање мирни, фер и демократски избори. За таа цел ќе бидат презмени широк спектар активности за превенирање евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително, со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен перод, во соработка со меѓународни и други државни институции, ќе бидат преземени активности за стабилизација на државата, заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните, потенцира Чулев.