(ВИДЕО) Најденовски: Предложениот ребаланс на буџетот од страна на Георгиевски е антиреформски

Од:

Денес на дневен ред на Советот на Општина Гази Баба беше предложена точка за Ребаланс на Буџетот на Општина Гази Баба. Предложениот ребаланс на буџетот од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба Борче Горгиевски е антиреформски, и исклучиво за партиски цели, а не за доброто на сите граѓани на Општина Гази Баба, рече Андреа Најденовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија во Совет на Општина Гази Баба, на денешната прес-конференција.

„Ребалансот е неплански скроен и со истиот се кратат средства од капиталните инвестиции. Градоначалникот Борче Горгиевски крати средства од изградбата на градинката во Стајковци, крати средства и од изградба на спортскиот центар Црешево, од средства за системи за отпадни води од Трубарево до Идризово, од атмосферската канализација во Триангла и други капитални проекти. Овие проекти од кои се крати со овој ребаланс се на штета на сите граѓани на Гази Баба.

Скратените средства од капиталните инвестиции се насочуваат за партиски вработувања во Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007.

Горгиевски крати од капитални инвестиции на штета на жителите на Стајковци, Црешево, Триангла односно на штета на граѓаните на Гази Баба.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија во изминатите две години даваше максимална поддршка за сите проекти за доброто на граѓаните на Општина Гази Баба но неспособноста на градоначалникот Борче Георгиевски излезе на виделина бидејќи истиот не реализираше ништо од ветеното.

Фатен во тесно градоначалникот Георгиевски го повлече од дневен ред предложениот штетен ребаланс.

Како мнозинство во Советот на Општина Гази Баба нема да дозволиме да се скратат средствата од предвидените капитални проекти кои се од суштинско значење за граѓаните на Општина Гази Баба. ВМРО-ДПМНЕ и советничката група во Гази Баба ќе продолжи да биде конструктивна советничка група во Советот на Гази Баба и ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани на Гази Баба и нема да поддржува вакви штетни одлуки од страна на неработникот Горгиевски.“, објасни Најденовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус