(ВИДЕО) Најчевска: Граѓаните ги излажаа, нас не изиграа, реформи во правосудството нема

Од:

Ниту еден член на Советот за спроведување реформи во правосудството не бил консултиран за законските решенија кои Владата ги доставува до Собранието. Работните групи кои биле формирани не давале информации што работат, а, пак, во законодавниот дом се носат закони без Советот воопшто да ги види.

Единствено нешто што поминало на Советот била стратегијата за реформи на правосудниот систем, но и таа точка не била долго разговарана. Професорката Мирјана Најчевска, која даде оставка од Советот, вели дека таа и нејзините колеги биле изиграни и вели дека тој постои само формално, но не е дел од реформирањето.

„Освен за залажување на граѓаните дека одреден број извикани имиња и експерти кои се препознаени како стручни лица во својата област се вклучени во реформите, јас не гледам никаков друг удел во реформирањето на правосудниот систем. Она што повторно ме загрижува е дека повторно реформите во правосудниот систем стануваат политички, односно политичкиот фактор е оној што го има главниот збор во реформирањето на областа во којашто главниот збор треба да го имаат оние кои се занимаваат со правната материја. Да, политичкиот фактор треба да ја даде насоката и да го искаже мислењето за она што треба да се постигне. Меѓутоа, реформирањето, структуирањето на законите, градењето на правосудниот систем, како и поставувањето правни ногарки треба да е направено од правниците со примена на ригидни правила, принципи и критериуми“, рече Најчевска.

Професорката Мирјана Најчевска вели дека предлог-законот за судски совет бил разговаран пред Советот за реформи, каде што членовите се судриле за многу базични работи, а со тоа отвориле стручна расправа за начинот на кој судскиот совет ќе дејствува независно. Но, расправата не продолжила, а, пак, професорката не знае што е дојдено во собраниска процедура, а не знае ниту на кој начин тоа ќе е решено. Вториот предлог-закон, кој го бараше СЈО, поврзан со заштитените сведоци, не бил разговаран, а, пак, за законот за укинување на советот за утврдување факти бил исто разговарано, но немало резултат.

„Не знам што е полошо. Претходната власт кажа дека не сака да го слуша стручното, ниту експертското мислење и дека едноставно не им е важно за луѓето од фелата туку дека тие си прават решенија врз основа на она што претставува нивна политичка замисла. Сега имаме власт која вели дека сака да го слушне стручното и експертското мислење, но нема вистинско влијание на тие професионалци. Не знам што е полошо, дали тоа кога власта најотворено и најбезобразно го исклучува професионализмот од работењето или власта која навидим или делумно ги вклучува професионалците, но на некој заден начин повторно ја спроведува својата политичка агенда“, додава Најчевска.

Во однос на прашањето дали треба да постои Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството, професорката Најческа вели дека е добро формирањето и учеството на Владата и премиерот во него, но од друга страна, формирани се многу тела коишто создавале хаос во однос на надлежноста и функционалноста, а, пак, впечатокот што го оставаат е дека тие постојат за да кренат прав, а вистинските одлуки да се носат на друго место на нетранспарентен начин.

„По многу години корумпирано судство и систем во којшто судиите се марионети на политичката власт, тешко е да се направи промена во правила на играта и свеста на судиите, но и начинот на дејствување. Судството не е ослободено ниту од оваа власт, но не поради неа, туку поради судиите. Тие се научени да бидат марионети, а, пак, Власта и да сака да ги ослободи, не може. Некој што бил роб со години, не знае како да не биде. Потребни ни се правото, правилата и процедурите, да ја спасиме власта од ропскиот однос на судството и да ги издигнеме судиите на ново независно ниво“, вели Најчевска.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Најчевска до Османи: Мојот сопруг поднесе оставка во Прага поради неписмениот лакеј на Ахмети

Орце Костов

Најчевска: Нема друга држава која до последен момент не знае дали ќе има попис, ова нема врска со право

Кристијан Ландов

Маричиќ: Конечно имаме квалитетна рамка за професионално филтрирање на правосудството

Жарко Настоски

Маричиќ: Методологијата за прочистување на правосудството ќе биде одобрена до крајот на годината

Најчевска: Не гледам суштинска разлика меѓу Мицкоски и Анѓушев

Ана Ололовска

Најчевска: Пратениците и функционерите треба да се проверуваат дали употребуваат психотропни супстанци

Кристијан Ландов