(ВИДЕО) Нацев: Помина една недела, а убиецот на Мартин Јанушев се уште е на слобода

Од:

„Минатиот петок, околу 17 часот и 40 минути, токму овде на ова место, беше ликвидиран младиот фудбалер Мартин Јанушев.

28 годишното момче беше брутално егзекутирано со 5 куршуми, на улица пред голем број очевидци.

Убиецот непречено си замина од местото на злосторството.

Една недела подоцна, убиецот е сеуште на слобода! Полицијата нема ниту фоторобот, ниту пак полицијата кажува со каков автомобил избегал и кој му помогнал во тоа!

Целата јавност, целиот град, половина час после убиството веќе зборуваше кој е убиецот. Целата јавност веќе се сомнева дека блиските релации на инволвираните криминалци со највисоките функционери на власта имаат свој дел во ова.

Потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски со својот молк и со своето непостапување, само ги потврдува стравувањата на граѓаните дека доколку си близок со врвот на раководството на партијата, можеш да избегаш и одговорност за убиство.

Во јавноста се повеќе кружат информации дека сценаријата што се подготвуваат друг да ја преземе вината за грозоморното убиство. Се подготвуваат и се зборува дека убиецот не смее да одговара за своето дејство само за да не излезат на површина неговите блиски релации со криминалците од врвот на СДС. Затоа се говори дека се подготвува сценарио во кое наводно ќе се манипулира дека убиството било во самоодбрана. Треба јавноста да биде убедена дека жртвата посегнала по пиштол.

Ожалостеното семејството веќе се прости од младиот фудбалер, а правдата ја нема ниту на повидок.

Нема одговори за суштинските прашања зошто убиецот цела недела после ликвидацијата не е уапсен? Дали е во земјава или избегал надвор? Како избегал и кој му помогнал?

Граѓаните се прашуваат што може да ги снајде нив кога во ситуација на семејството на убиениот, и неговиот татко и неговиот брат се припадници во МВР.

Граѓаните сметаат дека исто така има нешто нечисто и во пукањето кон советникот од кабинетот на господинот Заев, се зборува дека и тој е човек со дебело криминално досие но тоа пукање не е сеуште расчистено. Се кријат мотивите и идентитетот на напаѓачите. Се крие дали истиот е поврзан со ликвидацијата на Јанушев.

Молчат и медиумите и невладините организации.

Молчат, а со доаѓањето на СДС на власт, мафијата си доби своја држава. Крвта и вооружените пресметки се вратија на улиците исто како во 90-тите години.

Граѓаните не се чувствуваат безбедни.

Време е неспособниот министер Оливер Спасовски да си поднесе оставка“, изјави Александар Нацев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека не е претседател ниту на советниците на Заев

Левица: Дали ВМРО-ДПМНЕ молчи за скандалите на ДКСК со цел да го заташка предметот со бугарската фирма на Јанушев?

Да си се среќава со Ахмети, Таравари и Апасиев му порача ВМРО-ДПМНЕ на Филипче кој инсистира на лидерска

Манасиевски: Дали Филипче е изземен од случајот Онкологија, каде што се остварила добивка преку измама во висина од 2,2 милијарди денари

Мансиевски: Филипче да излезе од дупката во која се крие и да одговори на јавноста за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за пресудата за Модуларна болница

Катерина Ѓуровски

Славески за гувернер е погребување на последната независна институција, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски