ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

Од:

Царинските службеници на граничниот премин Дојран открија и спречија обид за шверц на 5.050 штеки цигари и електронски цигари со вредност од осум милиони денари.

Како што информира Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги го лишија од слобода осомничениот српски државјанин, возач на камионот, против кој е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело шверцување и за фалсификување исправа, казниви по Кривичниот законик.

– Делото е откриено во неделата вечерта на излез од граничниот премин Дојран кога царинските службеници, применувајќи напредни оперативни техники и аналитичко расудување при процена на конкретната состојба на терен, извршија контрола на камионот пријавен како празен. При детаљниот преглед е откриен специјално конструиран бункер со преграда, каде што се откриени 101 пакет со цигари и електронски цигари. Дополнително, со асистенција на полициските службеници утврдено е дека бројот на шасијата на полуприколката не е идентичен со бројот на шасијата во сообраќајната дозвола што ја употребил како вистинска кога ја дал на увид – наведува Управата.

Ова е втор случај за многу кратко време на обид за швверцување големи количини цигари во специјално конструирани бункери во камиони откриени на гранични премини на територија на царинарница. Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Запленети над 1000 фалсификувани часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“

Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо

Две Македонки кои живеат во Холандија криумчареле злато вредно 1,3 милиони денари

Во цистерна за нафта шверцувале цигари, фатени петмина кои имале организирана мрежа