(ВИДЕО) Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ побара да се организира јавна расправа за најавената реформа на системот на основното образование

Од:

„Заради широкиот јавен интерес кој се разви во врска со најавената реформа на системот на основното образование, а согласно член 124 од Деловникот на Собранието пред повеќе од една недела побаравме да се организира јавна расправа за ова исклучително значајно прашање.

Лично верувам, дека мнозинството граѓани би се согласиле со ставот дека е потребна реформа на основното образование. Сепак постои дилема, дали патеката, пристапот и методологијата одбрани од страна на Министерството за образование и наука е правилна. Затоа е исклучително важно ова прашање да биде предмет на јавна расправа во Собранието во текот на која ќе имаат можност да се вклучат и еминентни претставници на академската заедница, експерти, а пред се и засегнатите страни како што се наставниците кои најнепосредно ќе бидат вклучени во реализацијата на евентуално прифатениот нов концепт. Токму преку една транспарентна дискусија експертската заедница и јавноста ќе дадат свој придонес за прашањата кои се од големо значење за иднината на Македонија, а тоа е образованието и воспитувањето на младите“, рече Тимчо Муцунски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во недостаток на подготвеност за дијалог, спремност да се слушнат аргументите од било која друга страна и да се организира една ваква јавна расправа од страна на Министерството за образование и наука наша обврска како пратеници делегирани од граѓаните во Собранието на Македонија е да преземеме конкретен чекор што ќе биде во прилог на унапредување на квалитетот во реформскиот процес во образованието. Фактот дека токму експертската јавноста упатува на сериозни недоследности во предложената реформа наведува на сознанието дека е препорачливо и неопходно да им дадеме институционална форма на идните дискусии за ова важно општествено прашање.

Јавната расправа согласно Деловникот на Собранието треба да се одржи во матичното работно тело во Собранието, а тоа е Комисијата за образование, наука и спорт. Било какво друго решение надвор од Деловникот не е прифатливо. Овде посебно сакам да потенцирам дека Собранието не е средство за реализација на желбите на членовите на Владата, туку највисок законодавен орган пред кој Владата одговара колективно, а секој министрите индивидуално.

Утврдувајќи евидентен недостаток на чувство на одговорност време е да ја потсетиме Владата и министрите во поглед на поставеноста на нашиот уставно-правен систем и обврските кои произлегуваат за нив во текот на извршувањето на нивните функции.

Наивно е да се верува дека ќе поминат незабележани од страна пратениците, јавноста и политичките партии вакви значајни, обемни и комплексни реформи.

Процесот на предлагање, усвојување, а подоцна и имплементирање на идните реформи во основното образование, без одржување на соодветна јавна расправа во Собранието и без обезбедување поголема национална и поширока институционална поддршка ќе биде дополнителен доказ во прилог на тезата, дека не постои спремност за соработка и подготвеност за водење на отворен и транспарентен дијалог за едно исклучително важно прашање кое ќе има сериозно непосредно влијание и врз темпото на нашиот севкупен општествен развој“, изјави Тимчо Муцунски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тодоров до Мицкоски: Додека јас се борев против Заев, ти градеше хидроцентрали – оди си

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ: Со тоа што не набави вакцини против корона Филипче ги осуди граѓаните на смрт

Ана Ололовска

Мицкоски за интерпелацијата на Спасовски: Ќе ги поддржиме Алијанса и Алтернатива и ќе му изгласаме недоверба

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е што СДСМ собира партиски војници за државен попис

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Мијалков покажа дека постои мафија во државата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николоски: Власта уште еднаш докажа дека е во договор со криминалците во државата

Катерина Павлова-Николовска