(Видео) Муцунски: Две години одговорно работење и грижа за Аеродром, се соочуваме со сите предизвици и создаваме подобри услови за живот

Од:

Аеродром денес е поубава општина и сигурен сум дека вие го препознавате тоа. Говорејќи за реализираните проекти во изминатите две години, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски во видеото кое денес го објави на својата фејсбук страна потенцираше дека во изминатите две години со одговорно работење и грижа за Аеродром се соочиле со сите предизвици и создале подобри услови за живот во општината.

Во видеото Муцунски ги потенцира најважните проекти кои се реализирани во изминатите две години, како тие со пренамена на градежните маркички во паркови, намалување на трошоците за репрезентација, воспоставувањето на новиот систем за одржување на хигиената, субвенциите за тротинети и велосипеди, субвенциите за првачињата, бесплатното пливање за учениците, како и бесплатните таблети и униформи.

Во делот на инфраструктурата Муцунски ги споменува изградбата на новите улици, паркинзи, детските, спортски игралишта и паркови со кои Аеродром денес е позелена и поспортска општина. Тој ја споменува и новата детска градинка „Црвенкапа“, енергетски ефикасни фасади и реконструкцијата на училиштата. Поддршката и развојот на спортот, беше во фокусот изминатите години, а Општина Аеродром со задоволство ги поддржува МЗТ, Вардар и другите спортски клубови.

– Јас знам само едно дека со одговорно работење и грижа за Аеродром, може да се соочиме со сите предизвици, да ги решиме сите проблеми и да создадеме подобри услови за живот во Аеродром, на крајот заклучува Муцунски.

Би можело да ве интересира

Левица: Муцунски во Израел ја загрозува безбедноста на македонските граѓани врзувајќи ги со осомничени воени злосторници

Муцунски: Заштита на националните интереси, економската дипломатија и заштата на граѓаните кои живеат надвор од границите – стратешки приоритети на дипломатијата

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Македонската дипломати се собираат во Скопје, првпат по 2019 година – ќе се прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија