(ВИДЕО) Муареми: Тодоровиќ ја плати штетата од 433 илјади евра на општина Центар

Од:

Поранешниот градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и другите двајца осомничени за малверзации при изградбата на мостот „Око“, ја надоместиле штетата на општинскиот буџет, за која е поднесена пријава против нив од страна на Управата за финанасиска полиција. Како што соопшти директорот, Арафат Муареми, станува збор за сума од околу 433 илјади евра.

– Штетата од 26 653 420 милиони денари, пријавените се согласија да ја надоместат во целост за што добвиме потврда и од општина Центар на 30.06.2018 дека парите се вратени на буџетската сметка на општина Центар, рече Муареми.

Од Финансиската полиција посочија дека за проектот „Скопје 2014“ се водат повеќе истражни дејствија но не сакаа да откријат за кои објекти станува збор, со образложение да не се наштети на истрагата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски