(ВИДЕО) Морничава сцена во Русино: мртовечки ковчег фрлен на депонија

Од:

Фотографии и снимки од депонијата Русино близу Гостивар, на кои се гледаат мртовечки ковчези фрлени на ѓубриштето, се појавија денеска на социјалните мрежи.

На дел од депонијата, на која се одлага комуналниот отпад од општина Гостивар, а до пред некое време и од неколку други општини од регионот, се фрлени неколку лимени ковчези и куп дрвени даски.

Едно од момчињата кои ја забележале морбидната сцена се симнува до еден од сандаците, за да го отвори и да провери дали во него има човечко тело. По една минута морничава неизвесност, момчето успева да го отвори ковчегот.

Депонијата Русино повеќе од еден месец е под блокада на локални активисти, кои велат дека ѓубриштето често се пали и го загадува воздухот, како и почвата во околината, на која се одгледува храна. Активистите летово, во договор со градоначалникот Арбен Таравари, ѝ дозволуваа само на општината Гостивар да го одлага отпадот на депонијата, а за другите општини од регионот ставија рампа, барајќи од институциите решение за долгогодишниот проблем.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар