(ВИДЕО) МОФ: Екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Од:

Младински образовен форум (МОФ) започнаа со спроведувањето на петицијата со која бараат екстерното тестирање оваа година да се прогласи за пилот.

Оваа петиција е реакција на пропустите во начинот на спроведувањето на екстерното тестирање како и законските прекршувања, а од МОФ бараат да се направи сериозна анализа на пропустите со што би се подобриле образовниот процес и знаењето на учениците.

Пропустите со кои се соочија учениците беа прекршувањето на законскиот рок за објавување на листите со предмети за полагање, односно предметите беа објавени 4 дена пред полагањето, наместо законските 7 дена, посочи Марија Мирчевска од МОФ.

Останатите законски пропусти беа прекршувањето на законскиот рок за дозволено одложување на тестирањето, а за ученикот кој ќе добие незадоволителна оценка (единица) законот не предвидува што ќе се случи како и кој и во какви ситуациии има право да преполага.

Poster-MKD

До Државниот испитен центар се поднесени 3200 приговори кои училишните комисии ги сметале за основани, а доколку училишната комисија не ги смета приговорите за основани, ученикот и родителот немаат понатаможна можност да се жалат. Мирчевска истакна дека овие криериуми по кои се одлучува дали некој приговор е основа или не, преставува голем проблем.

Од МОФ најавија дека ќе поднесат претставки заради законските прекршувања кои ќе бидат доставени до Државниот управен инспекторат и Државниот просветен инспекторат. Овие претставки ќе бидат заради непочитувањето на законски предвидениот рок од 7 дена за објавување на листите со предмети за полагање и неговото скратување на 4 дена.

„Дополнтелна претставка ќе биде поднесена заради непочитување на предвидениот рок за поднесување приговори по однос на објавените резултати во износ од 3 дена и негово кратење на 2 дена. Со ваквите скратени рокови директно е предизвикана штета врз учениците, а прекршени се член 45-в од Законот за средно образование, член 72-а од Законот за основно образование и член 9 од Правилникот за спроведување на екстерното оценување. Очекуваме постапка од страна на надлежните инспекторати и поништување на тестирањата во сите училишта каде е прекршен законот“, објасни Марјан Забрчанец, извршен директор на МОФ.

Од МОФ ги повикуваат сите оштетени и загрижени ученици и граѓани да достават претставки и до Народниот правобранител на Република Македонија, а највуваат дека истото ќе се спори и со иницијатива пред Уставен суд.

„Ја нудиме нашата помош и упатување при подготовката на потребната аргументација и документација, а ќе ги разгледаме и можностите за предизвикување на законските уредувања на екстерното оценување пред Уставниот суд на Република Македонија“, додаде Забрчанец.

Петицијата ќе се спроведува во тек на 10 последователни денови, на фреквентни локации на отворен простор во 16 градови во Македонија: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Велес, Куманово, Кратово, Делчево, Гевгелија, Неготино и Штип.

Сите информации поврзани со локациите, термините и аргументацијата за петицијата се достапни на www.mof.mk/eksterno.

Flaer-MKD-1 Flaer-MKD-2 Flaer-ALB-1 Flaer-ALB-2

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Цената на дипломите на Правен факултет покачена за 50 евра

Искра Манојлоска

МОФ бара итно информирање на учениците за матурските испити, и дополнителен термин за полагање

Ана Ололовска

Советодавен сервис за права на млади – платформа за младинско информирање

Ана Ололовска

МОФ загрижен за квалификациските тестирања во средните училишта

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентските домови имаат буџет од 3,5 милиони евра, а студентите јадат по една банана месечно

Искра Манојлоска

Истражување: Студентските трошоци приближно колку месечна македонска плата

Ана Ололовска