(ВИДЕО) Митрески: Во изминативе три години направивме тектонски поместувања за сигурна иднина на нашата држава

Од:

„Во изминативе три години направивме тектонски поместувања за сигурна иднина на нашата држава. Го направивме тоа што 30 години го чекавме. Донесовме храбри и тешки одлуки за ги одблокиравме сите процеси. Станавме членка на НАТО, најмоќниот планетарен сојуз.

Не смееме да заборавиме ниту за еден момент што тоа значи за една мала држава како нашата. Сега сме безбедни! Сега рамноправно седиме на иста маса со најголемите светски сили!

СДСМ е посветена на интересите на граѓаните, на развој на домашната македонска економија, на продолжување на интегративниот процес во ЕУ, на грижа за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните и загарантирана правда за сите“, рече Јован Митрески, СДСМ.

„Токму на овие столбови ја темелиме нашата понуда со која излегуваме пред граѓаните и ја бараме нивната доверба за нов, чист мандат за да ги предводиме институциите и во наредните четири години.

Градиме Правна и праведна држава. Расчистуваме целосно со груевизмот и неговите остатоци во судството.

Создаваме Европска земја. Европеизирањето ни носи ред, дисциплина, промена и иднина. Ја носиме Европа дома.

Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места.

Платите ќе продолжат да растат. До 2024 година, минималната плата ја зголемуваме до 40 отсто, просечната плата ја зголемуваме до 30 отсто.

Ова е само еден дел од нашата понуда. Покажавме дека умееме. Сите заедно ќе докажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро!“, изјави Јован Митрески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел