(ВИДЕО) Митрески: 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестици

Од:

„За две и пол години направивме пресврт на подобро. Покажавме дека знаеме и можеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните.

Направивме многу но можеме уште повеќе, уште подобро.

Нашата понуда носи нова македонска развојна економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%,

Износ на странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за 4 години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите“, рече Јован Митрески – носител на листата на СДСМ во ИЕ 5.

„2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.

600 милиони евра поддршка за домашни и странски инвестиции

Невработеноста ќе ја намалуваме за 3% годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот.

Разликата е јасна.

Од една страна е концептот на СДСМ и парите кај граѓаните, од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која ги краде парите од граѓаните

На 15 јули граѓаните ќе одберат парите да завршуваат во нивните буџети а не во белиот дворец.

Затоа што заедно со вас, заедно со граѓаните можеме уште повеќе, уште подобро“, изјави Јован Митрески – носител на листата на СДСМ во ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски