(ВИДЕО) Митева: Се доведува во прашање почетокот на учебната година

Од:

„Надлежните институции втор ден не успеаа да се справат со најголемиот предизвик да се премости дигиталниот јаз во образованието. Министерството за образование и наука, освен бледото известување дека во тек се тестирања на платформата и дека се надеваат дека ќе се соочат со сите предизвици, остана немо на безбројните критики.

Поплаките на родителите, на учениците, а и на наставниците се многубрјни. Во овој момент се поставува прашањето дали учебната година воопшто ќе започне на 1-ви oктомври?

Факт е дека следните неколку недели ќе се потрошат на дополнителни обуки. Време за имплементација, време за обуки на кадар, но не и време за пренесување на знаењето на учениците“, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај безбројните проблеми со кои се соочуват сите, за жал ќе има и ученици, близу 40 илјади, кои од различни причини нема да можат да пристапат до платформата. За непречено следење на наставата беа наведени потребни спецификации кои уредот треба да ги поседува. Дополнително, тоа извлекува близу 20 илјади денари од семeјниот буџет.

На сите отворени прашања кои предизвикуваат конфузија националните координатори велат “Илузорно е да веруваме дека од прво поставување се може да тече идеално”, бараат трпение од учениците, наставниците и родителите. Напротив, илузорно е да се доведуваме во ситуација на прифаќање дека образованиот процес можеби воопшто нема да започне.

Оваа Национална платформа која се промовира како “нова” претставува компилација на веќе постоечки систем. Сеедно, би било добро барем да функцонираше. По правило, крајниот корисник, учениците и наставниците, не се користат за тест фаза.

Владата на СДСМ носи одлуки базирани на притисок од јавноста, а не врз основа на јасен, концизен и стручен план. Контрадикторноста и промената на одлуки е нивна одлика, но платформи кои не функционираат нема да ни донесат резултати“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски