(ВИДЕО) Митева: Образованието доживува крах, наставници и ученици заболуваат од Ковид, многу деца немаат компјутери

Од:

„Граѓаните покрај навредите од Заев и Царовска го трпат и неуспехот на секое поле во општеството предизвикан од нивните лоши политики и неспособност.

ВМРО-ДПМНЕ предупреди за хаосот предизвикан од неадекватното справување со КОВИД пандемијата во делот на образованието, кој го живееме денес. Но власта не презема ништо. Епилогот е секојдневно зголемување на бројот на заразени ученици и наставници.

Уште поголема е бројката на оние кои се во самоизолација. Образованието не е на листата на приоритети на Владата“, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно имаме инфицирани наставници, ученици, негувателки од градинки, мали деца. Фактите го говорат следново: Националната платформа не постои; Едукацијата на наставниците е неуспешна, дел од нив сè уште немаат компјутери; Голем број на ученици воопшто не се приклучуваат на наставата и оние 40.000 деца останаа без технолошки средства за следење онлајн настава.

Власта се соочува со неуспеси на полето на образованието. Вадат паушални статистики дека околу 88% од учениците непречено следат онлајн настава. Но, никој не кажува како дошле до таа бројка. Директорите на училиштата, секој ден во 10 часот добиваат апликација во која ги регистрираат проблемите и причините за нив. Каква е таа апликација, иста како платформата? Зошто директорите односно партиските кадри, даваат одговори наместо учениците и родителите? И што е со останатите 12%, ако може да се верува на статистиките на власта?

Хаосот е дотолку поголем со ребалансот на буџетот, со кој власта крати 21 милион евра од ставките за образование, реконструкција и изградба на студентски домови. Или подетално ги крати скоро сите 7 милиони евра за справување со КОВИД-19 додадени со првиот ребаланс на буџетот. Од парите наменети за развој на образованиот систем на основците се кратат 5 милиони евра, а во средното образование 2,2 милиони евра. Дополнително, минусирани се цели, 11,6 милиони евра наменети за функционално образование какво што заслужуваат идните академски граѓани.

Министерке Царовска, после се ова, со нетрпение го очекуваме вашето ново видео на социјалните мрежи на кое со насмевка ќе зборувате како виртуелната училница во некои аспекти е предизвик, а по гасењето на камерите ќе се соочувате со вашите нелогичности.

Министерке, треба да понесете одговорност за хаосот во образованието за кој сте директно виновна“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски