(ВИДЕО) Митева: Кога Филипче ќе понесе одговорност за целиот хаос во здравството?

Од:

„Случајот со родилката во битолската болница, впрочем како и сите други досега се дела за кои ќе слушнеме само дека истрагата е започната, одговорноста можеби ќе се лоцира само врз извршителите, а директно одговорните за спречување на вакви дела ќе ги гледаме како ладнокрвно ни велат „да го почекаме извештајот“.

Делото надрилекарство се случило на 01.01.2021 година, а ако му веруваме на Венко тој дознал пред една недела, па прашуваме дали досега мудро молчел? Почитуван неспособен министер, дали ПР тимот Ве советуваше дека немилите настани не треба да ги соопштувате на јавноста, дека е подобро да молчите и да се надевате дека ништо од ова нема да се дознае? Дали почитуван министер ПР тимот во меѓувреме смислува план како да промовира кампања во која немањето вакцини ќе биде уште една наша перцепција“, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Жално е што постои потреба да ги зборуваме овие немили настани, но во недостиг на ваша морална одговорност ни останува само гласно да се спротивставиме.

Ретроспективно гледано, би Ве потсетиле дека се уште чекаме разрешница за жената која почина од КОВИД-19 откако два дена барала да и се обезбеди кислород од сестрите во штипската болница. Тешки дела против здравјето на луѓето се случија и во Струга, на родилката која отиде на породување, а замина без три органи. Има вонреден инспекциски надзор во ГОБ „8-ми септември“, откако пациент си го одзема животот. Заглавени сме на дневна статистика заболени од КОВИД-19 додека државите од соседството се на пат за започнување сопствено производство на вакцини. Целиот систем е уништен, медицинскиот кадар е девалвиран, а граѓаните оставени сами на себе.

Најмалку што може да направи Филипче е да си поднесе оставка веднаш!“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски