(ВИДЕО) Митева: И после два дена улиците и тротоарите се неисчистени, сите градоначалници на Скопје се пример за неспособност

Од:

„Слики од механизацијата на градот и општините можеме да најдеме на нивните социјални мрежи, истите се добро спакувани за собирање лајкови со цел да ја скријат жалната реалност, но и после 2 дена надлежните никаде ги нема. По се изгледа дека механизацијата се вади само за сликање.

Сите градоначалници на Скопје се еклатантен пример што значи зборот неспособност“, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту еден тротоар не е исчистен, кој како ќе се снајде така оди. Среќа луѓето едни на други си помагаат, се придржуваат. А споредните улици се претворени во вистинско лизгалиште. Ова ли се тие општини со европски знаменце? Ова ли е тоа безбедно Скопје за сите?

Чија е должноста за чистење на тротоарите и споредните улици? Чија е одговорноста за преземање мерки за безбедно одвивање на сообраќајот на териториите на општините?

Или должноста е моја и на останатите граѓани?

Почитувани градоначалници, срамно е да се кажува дека се е под контрола, а сите да гледаме друга реалност. И уште едно потсетување, во Законот за локална самоуправа под надлежност се подразбира збир на работи од јавен интерес од локално значење за чие извршување општината е одговорна!“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски