(ВИДЕО) Мисајловски: Во Македонија има премногу сива економија, првата работа за која ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага е борбата против криминалот и корупцијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ продолжи со кампањата за претседател и денес е во посета на неколку компании во Визбегово заедно со со заменик министерката за финансии, Елена Петрова и со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Јас сакам да се заблагодарам на министерката за овие убави средби со компании, бидејќи може да разговараме со различни компании и да ги понудиме нашите мерки во наредниот период.

Првата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага, сакам секој еден да знае, е борбата против криминалот и корупцијата. Тука треба најмногу да се удри. Како што спомна и министерката има премногу сива економија, но има многу проблеми како малите компании да се развиваат.

Гледате дека нема ни доволно странски инвестиции, нема ни доволно мерки за малите и средни компании. Тоа ќе биде фокус на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде фокус на новата влада.

Но, за сето ова, сето ова да се промени наредниот период првин ни треба огромна поддршка за нашата претседателка, а тоа е Гордана Силјановска Давкова која треба сите граѓани на 24 април да ја дадат поддршката за нејзе. За новата претседателка, за потоа бранот да продолжи на 8 мај и да се избере нова влада, каде што во новата влада ќе има нови инвестиции, ќе има повеќе работни места. Преку 55 илјади работни места, да има поголема економија, да има еден развој каков што сите очекуваме.

Еве, денес може да видиме на овој потег ветуваа дека автопатот Скопје – Блаце ќе го завршат многу брзо, но еве поминаа седум години нема ниту еден километар изградено. Тоа е СДСМ, тоа е ДУИ. Нас ни треба работа, нас ни требаат проекти, нас ни треба раздвижување во градежништвото, нас ни треба подобра и подобра економија.

Затоа се гледаме на терен секој еден ден и ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат за подобри промени и се разбира за горда и достоинствена Македонија“, истакна Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски