(ВИДЕО) Мисајловски од Штип: Ништо не е остварено од тоа што беше ветено

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е повторно на терен. ВМРО-ДПМНЕ ќе го има насекаде во Република Македонија за да го продолжиме серијалот и да покажеме на граѓаните дека СДСМ ништо не работи. Почнуваме еден серијал каде што сакаме да им покажеме на граѓаните дека се она што го вети СДСМ излажа, рече Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Штип.

– Денеска имавме можност да бидеме во Свети Николе, а сега дојдовме тука и во Штип да ги слушнеме граѓаните, да ги слушнеме нивните проблеми, но и да слушнеме што се она ветено, а не е остварено.
Во Свети Николе ништо не се работи, ветија гасификација но за жал може да видиме дека на терен нема ниту еден капитален проект. Тука во Штип исто така може да видиме дека иако се фалат со многу проекти нема ништо. Капиталните инвестиции во Република Македонија се на едно минимално ниво. Можевме да ја слушнеме пред извесно време се фалеа со локалната самоуправа дека направиле дури 1000 метри локален пат. Или народски кажано направиле еден километар локален пат и се фалат како некој епохален напредок да направиле тука во Штип, рече Мисајловски.

Тој рече дека Штип заслужува многу, а ВМРО-ДПМНЕ оставил огромен проект – автопатот од Скопје од Штип.

– Иако беше ветувано дека ќе биде завршен на почетокот на оваа година, па потоа и до средината на оваа година, но веќе на крајот на оваа година може да видиме дека се уште не е пуштен.
Тие се навикнати да играат чочеци, но изгледа оваа година нема да има ништо. Очекуваме дека следната година ќе го пуштат во употреба модерниот автопат од Скопје до Штип. Бидејќи тој проект е за Скопје, односно за Штип. Овој проект е еден од најважните и најдобрите на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така ВМРО-ДПМНЕ го започна проектот експресен пат од Штип, Радовиш до Кочани, но за жал многу слабо се работи или ништо не се работи, рече Мисајловски.

Тој додаде дека ветувале нови градинки, спортски сали, многу работи, но владата на СДСМ била, како што рече, едно црнило.

– Едни црни лаги и за жал граѓаните може да се уверат во тоа. ВМРО-ДПМНЕ е тука да биде со граѓаните, да разговара со нив па и да биде критикуван, бидејќи ние мора да бидеме со народот. Народот заслужува оваа Влада да падне, граѓаните заслужуваат многу подобро, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска

Мисајловски: Куманово има преубава позитивна енергија која води до Силјановска Давкова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи, Фридом хаус констатира назадување во борбата со корупцијата и влијанија во судството

Горан Наумовски

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно фалсификати од школата на Асаф, класична монтажа – единствен кој злоупотребува болни е СДС