(ВИДЕО) Мирчевска: Власта ги злоупотребува децата и на своите рекламни материјали

Од:

„Владата предводена од Заев води агресивна кампања за промена на името, безмислосно трошејќи народни пари за свои политички цели. Жртви на оваа кампања се и најмалите. Власта ги злоупотребува децата и на своите рекламни материјали, а со нив ја покрива и слабата посета на средбите со граѓани и трибините.

Јавноста е сведок на последниот немил настан во Скопје кога на говорот на Заев едно од децата се онесвести, а тој без око да му трепне само го погледна и продолжи да говори. Ете тоа е резултатот од искористувањето на децата во политички цели, кои зад себе кријат тесно партиски интереси на криминалниот картел на власт“, рече Јована Мирчевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекувавме во овие два дена наназад Заев барем да информира каква е здравствената состојба на детето, да се одважи и да се извини, но очигледно толку е зафатен со своите манипулации на граѓаните што нема време за тоа.

Срамно и безобразно е однесувањето на власта кои користејќи се со децата во кампањата сакаат да играат со емоциите на народот и на тој начин да го покријат капитулантскиот договор со кој не само што не нудат извесна иднина на младите, туку им ускратуваат било каде да кажат гордо дека доаѓаат и живеат во Република Македонија.

Почитувани граѓани, почитувани родители гледате колку им е грижа на Заев и картелот на власт за вашите деца. Битно им е да ги употребат за некој политички поен, за некој грст гласови. Иднината на нашите деца е многу повеќе од плакат со изнасилено насмеаниот Заев или секвенца од прескапо платен спот. Иднината на нашите деца се гради со многу работа, труд и заложби, а не со неспособност и неработење како што прави оваа неодговорна власт. Оваа криминална власт со месеци наназад се влечка по плоштади наместо да засука ракави и барем нешто да сработи за интересот на младите и на сите граѓани во Република Македонија“, изјави Јована Мирчевска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски