(ВИДЕО) Министерот, дипломиран металург, не знае што е петрологија

Од:

Гостин во емисијата Вин Вин, беше министерот за образование Абдулаким Адеми, кој “падна“ на испитот на новинарката и водител на емисијата, Оливера Трајковска.

-Вие сте инженер по металургија. Ако се обидам да ве ставам на државен испит со одговори под А Б и Ц, едно прашање за металург, што е петрологија?

-За да се полага на државен испит мора да се повтори, јас дипломирав 1996 година, има разлилни предмети можат да се постават различни прашања, рече Адеми.

-Ајде да ја баталиме петрологијата, инаку е наука за карпите, знаете ли колку хемиски елементи има Менделеевиот систем?

-Ние не сме тука за одговараме на прашања од мојата струка, туку за реформите на педагошките факултети и за реформите во високото образование, рече Адеми.

Сте ја прочитале книгата „Лекции од Финска“?

Не сум ја прочитал, но знам за Финска дека е најдобро рангирана и има најквалитетно обрзование во основно, рече Адеми.

Ова не е квиз, Финска ја споменуваме заради што оваа книга беше бестселер, авторот е Паси Сахлберг, човекот кој што работи на реформи на автохтоното финско чудо. Тој вели, ние постигнавме нешто-образовниот систем на Финска да стане бренд претпознатлив за сите, не затоа што сме први на сите тестови, туку затоа што четири од пет даночни обврзници од Финска се задоволни затоа што постигнале образовен систем кој дал максимум и ќе ја обезбеди иднината на нивните деца, заклучи водителката.

Целата емисија можете да ја погледнете во видеото, а одговорите кои не сакаше да ги даде министерот се на 8.08 минута.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите