Стотина претставници на граѓанските организации и медиумите денес дискутираа на конференцијата Унапредување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите и промоција на човековите права.
За време на конференцијата, Македонскиот институт за медиуми најави дека од септември активно ќе работи веб страна и мобилна апликација за пријавување на прекршок на човечки права и посредување на информации од граѓанските организации до медиумите.
Преку мобилната апликација, граѓаните ќе можат да фотографираат и снимаат и веднаш да ги прикачат на веб страната. Потоа, МИМ ќе ги адресира прекршоците кон релевантните институции.
Конференцијата која што ја организираше Македонскиот институт за медиуми е во рамките на партнерството со Центарот за независно новинарство од Романија.
Јасна Атанасова и Елена Георгиевска