(ВИДЕО) Милососки: Ако не го ослободат Љубе, ќе го тужиме Пејковски за продолжена тортура

Од:

Доколку најдоцна за три дена не биде ослободен Љубе Бошковски, генералниот сектретар на Обединети за Македонија, Раде Милососки најави радикализирање на протестите, а за тоа ќе бидат известени сите релевантни фактори, меѓународната заедница и домашната јавност.

Според него, трпението на членството и поддржувачите на Обединети за Македонија е при крај, па доколку не биде потпишано решението за ослободување на Бошкоски, тие ќе поднесат кривична пријава против диекторот на затворот, Живко Пејковски за продолжена тортура која е политички мотивирана.

– Од ова место испраќаме јасна порака до директорот на затворот Живко Пејковски, веднаш и без одлагање да го потпише решението за ослободување на Љубе Бошкоски, кој незаконски и без основ го држи во заточеништво повеќе од три недели, вели Милосоки.

Според него, должност на партијата е да продолжат со одбрана од неправдата, противзаконското киднапирање и држење во петгодишно заточеништво во македонските зандани на Љубе Бошкоски.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска