(ВИДЕО) Милошоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски

Од:

Власта на чело со Ковачевски и Ахмети преговара амнестија за Груевски со цел тој да влијае на поделби во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени. Измените во кривичниот законик, не се случајни, имаат двојна цел, првата е да се амнестираат функционери од актуелната власт, кои во изминативе години за жал ја ограбуваа државата, и второ да се влијае на процесите кои се однесуваат на Груевски.Измените во Кривичниот законик ги договарале СДСМ, ДУИ и лица од помали политички партии кои сакаат поделби во опозицијата. Оваа констатација, намерно или случајно, јавно ја кажа и Али Ахмети во едно интервју, изјави Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– Во изјавата Ахмети беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, ниту преговарало за измените во кривичниот законик, ниту се согласило дека е против измените во кривичниот законик и исто така е против менувањето на уставот под бугарски диктат. Сакајќи или несакајќи со ова најистакнатиот експонент на власта направи јасна разлика помеѓу оние кои тргуваат со амнестија за да стигнат до уставни измени и своја правна заштита и ВМРО-ДПМНЕ кој ја слушаат волјата на народот и се против уставни измени и трговија со правосудниот систем за политички материјални цели.

Со оваа акција на СДСМ и ДУИ целта им е да се амнестиираат двајца поранешни премиери, а од друга страна менуваат правосудни закони кои би создале лична корист и заштита на актуелните функционери на СДСМ и ДУИ. Споменатите преговарачи на амнестијата нема да застанат тука. Во моментов разговараат за нов закон за амнестија со кој би се спасиле од затвор лица блиски до власта, но имаат несогласувања кои дела да ги опфаќа тој закон за замнетсија во минситерството за правда и владата има различни позиции. Агендата на СДСМ и ДУИ во периодот кој следи е со две примарни политички цели. Едната цел е да се спасат функционерите и да има амнестии за тие кои краделе и ја залоупотребиле функцијата, а втората е да го искористат Груевски за фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да си олеснат евентуално олеснување на уставните измени. Ние им порачуваме и на СДСМ и на ДУИ и на нивните клиенти да не го потценуваат ВМРО-ДПМНЕ, да не го потценуваат народот. Партијата е обиденета, пратеничката група е сплотена и ВМРО-ДПМНЕ под ниеден услов нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат, а овие политички пазарења со амнестии во Кривичниот законик нема да ги спасат од одговорност актуелните функционери доколку сметале дека ова им е некаков политички аванс – рече Милошоски.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Владата се брза да протне уште стотина свои обвинители и судии, бидејќи знае дека е во заминување

Милошоски го спасија измените на кривичниот законик: Нема да одговара за злоупотреба на службена положба во „Моќник“

Орце Костов

Милошоски до Маричиќ: Кога си неизживеан вицепремиер, умислен мачомен и без срам провоцираш жена, сопруга и пратеничка со недоличен сексизам

Орце Костов

Предвремени избори до крајот на оваа година, бара Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Милошоски: Словенија и Хрватска се согласија компромисот да биде апликативен кога Хрватска ќе стане членка на ЕУ

Милошоски: Германците се чудат зошто ставивме европско знаменце на законите за коридорите 8 и 10

Орце Костов