(ВИДЕО) Милошоски: Кога здравствените работници не се доволно опремени, да се потрошат 2 милиони евра за поранешните вработени во СЈО е расипништво

Од:

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-коференција извести дека партијата поднела иницијатива до Уставниот Суд на Република Македонија за поништување на уредбата со законска сила која се однесува на исплатата на големи пари за поранешните вработени во СЈО.

Тој кажа дека иницијативата вчера ја поднел Никола Мицевски, Координатор на досегашната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и дека очекува Уставниот Суд во најбрзо можно време да се произнесе по оваа предлог иницијатива.

„Дозволете ми на кратко да објаснам зошто е поднесена ова иницијатива и зошто сметаме дека уредбата која што се однесува на поранешните вработени во СЈО и исплатата на големи парични средства за нив е неуставна, незаконита и економски штетна.

Прво институтот „вонредна состојба“ согласно повеќе меѓународни документи ратификувани од страна на Македонија, а особено меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската Конвенција за човекови права има две главни компоненти од кои едната е законска рамка, а другата е оперативна рамка. Тоа е фактички вонредната состојба. И секогаш кога има законска рамка, законската рамка на било која уредба со законска сила мора да се однесува на темата која што е основа за прогласувањето на вонредната состојба. Уредбата за исплата на пари на поранешни вработени, службеници, истражители во СЈО нема никаква допирна точка со основата за прогласување на вонредна состојба во Република Македонија, а тоа е борба со пандемијата и вирусот Ковид-19 и неговите здравствени и економски последици. Затоа сметаме дека оваа уредба е незаконита, е противуставна и е спротивна на уредбите кој што Република Македонија ги ратификувала како членка на Советот на Европа“, рече Милошоски.

„Понатаму оспорената уредба очигледно е дека има една интенција- незаконски да регулира материја кој во ниеден аспект не е поврзана со главната причина заради која што претседателот на државата воведе вонредна состојба, ниту пак има состојба на итност или нужност да уреди некое прашање за функционирање на државата за да е справи со епидемијата на Ковид 19 во Република Македонија. Затоа сметаме дека Владата ја злоупотребила вонредната состојба за да исплати пари на поранешни вработени во СЈО кои што се блиски членови на Заев, на Катица Јанева, на поранешни и сегашни обвинители и судии и партиски послушници на актуелната Влада.

Кои членови се повредени од Уставот? Со оваа уредба се повредени членот 8, членот 9, членот 51, членот 106 како и членот 126 од Уставот на Република Македонија. Затоа сметаме како ВМРО-ДПМНЕ дека доколку оваа уредба остане во сила ќе предизвика правна несигурност и ќе предизвика двојно уредување на една иста материја што е спротивно на членот 8 став 1, односно на челото на владеење на правото како една од темелните вредности на уставниот поредок, како и спротивно на членот 51 од Уставот според кој што сите закони и уредби мора да бидат во согласност со Уставот и другите прописи уредени со Закон.

Затоа ние како подносители на оваа иницијатива предлагаме Уставниот суд итно да донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорената уредба со законска сила по однос на СЈО. И второ Уставниот суд да донесе одлука со која што ќе ја поништи Уредбата со законска сила, а која што се однесува на јавно-обвинителските службеници, истражители и другите вработени во СЈО и за финансирањето на нивните незаслужени високи плати, хонорари и други трошоци.

Она што недостига и ја прави уредбата уште посомнителна е тоа што во предлогот на самата уредба, предлагачот, министерството за правда не сакал да ги открие финансиските импликации кои што ќе ги има оваа уредба, но тоа лесно може да се провери иако Владата сакала да сокрие.

Имено во 2019-та година на СЈО секој месец му се исплаќани по 272 илјади евра, односно до месец септември на СЈО се исплатени нешто од прилика 2,5 милиони евра. Доколку се земе ова како просек и се пресметаат месеците од октомври 2019 година до месец мај оваа година до кога што ќе трае вонредната состојба на СЈО ќе треба да му се исплатат отприлика два милиони евра.

Сметаме дека во моменти кога здравствените работници не се доволно опремени, кога болниците кубурат со основни средства за работа и борба против вирусот, во моменти кога имаме се поголеми редици на нови невработени луѓе кои што добиваат откази од мали и средни претпријатија заради економската криза е навистина големо расипништво да се потрошат два милиони евра за поранешните вработени службеници и истражители во СЈО кои се блиски до СДСМ“, изјави Милошоски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски