(ВИДЕО) Милошоски: Бекири, Спасовски и Заев треба да ни ја објаснат нивната комуникација

Од:

До сите членови на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето е доставен извештајот за следењето на комуникациите избработен од МВР во Управата за безбедност и контраразузнавање, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат што поскоро да се одржи седница на која ќе биде разгледуван. Антонио Милошоски, од владејачката партија, не прецизираше дали разгледувањето на извештајот ќе се одржи на затворена или отворена седница.

Тој рече дека како пратеничка група имаат интерес да ги повикаат на сослушување освен лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и еден од приведените во аферата со личните карти, Захит Бекири. Целта е, рече тој, овие лица да ја објаснат нивната комуникација.

-Во меѓувреме загрижени сме што претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов, не свикува седници иако е Комисијата формирана по барање на СДСМ. Веројатно со намера да избега од незгодни прашања. Дали на одредени претставници на СДСМ им се познати лицата со презиме Сума и Бекири и дали имаат допирни точки со прислушуваните разговори, фалсификувањето лични исправи и нивна можна злоупотреба во изборен процес. Имаме интерес Захит Бекири, Спасовски и Заев да ни ја објаснат нивната комуникација, нивната можна поврзаност со фалсификување документи, пасоши, банкарски сметки и нивно можно поседување на илјадници незаконски, нелегално снимени разговори на лица, функционери и судии – рече Милошоски.

Според Деловникот, додаде, Шилегов е должен да свика седница по барање на најмалку една третина од членовите. Во спротивно ќе го наруши Деловникот.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски