(ВИДЕО) Миленко Неделковски на Нова Бг: Бугарите се како кучињата, кои сакаат да ја обележат територијата од дрво на дрво

Од:

Нова Бг објави интервју со Миленко Неделкоовски за кршењето на спомен плочата на Кајмакчалан.

„Скандалозниот македонски новинар Миленко Неделковски, кој ја искрши спомен-плочата, поставена од бугарска воена делегација на Кајмакчалан, вели дека целта му била да се отстрани нешто што е диво, криминално, нелегално, поставено без знаење на македонските власти“, објави бугарска Нова.

„Вандализам е, кога влегувате на туѓа територија без дозвола. Влегле од Грција оние Бугари кои биле облечени во униформи. Влегле во униформа, тоа е чин на агресија. Кога министерот за одбрана кажа дека тој нема да ги казни, туку ќе ги награди за тоа што влегле така, тоа е вандализам. Тоа е агресија. Тоа е провокација. Бугарските активности се провокација. Бугарите се како кучињата, кои сакаат да ја обележат територијата од дрво на дрво, така велат – ова е наше. Не може да е бугарско, не може да е ваше”, изјави Миленко Неделковски.

Би можело да ве интересира

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Миленко Неделковски го изгуби судскиот спор против Секуловска, Србиновски и Пировска

(ВИДЕО) Миленко Неделковски: Не сум виновен

Ана Ололовска

Миленко Неделковски на 17 јануари на суд за ширење ксенофобија

Наум Локоски

Кривична пријава против Миленко Неделковски за коментари со кои ја загрозил сигурноста на Заев

Наум Локоски

Неделковски: На врата ми е дојдена полиција да ме уапси

Наум Локоски