ВИДЕО: Миле Јанакиески виден како се вртка околу „Пелагонија“

Од:

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и понатаму се вози со шофер, а објективот на „А1он“ денеска го забележа во центарот на Скопје.

Непријатно изненаден од камерата тој прво се оддалечи од тарабите околу згадата на „Пелагонија“, а потоа се врати назад.

Не е јасно по каква работа беше денес поранешниот министер во зградата каде е сместена Регулаторна комисија за енергетика.

Фасадата на АД „Пелагонија“ е во процес на реконструкција финансирана преку Град Скопје, а со пари од државниот буџет.

На 13-ти мај оваа година Јанакиески поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер. Паралелно со него оставка поднесоа и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски