(ВИДЕО Михаиловски: Глас за Пендаровски е глас за европска иднина на младите

Од:

СДСМ во изминатите години направи грешки и ние го признаваме тоа. Спремни сме да учиме од нашите грешки и да се менуваме. Сепак, една многу важна работа ја направивме правилно – Македонија стана членка на НАТО и успешно ја водиме државата кон Европската Унија. Членството во Европската унија е важно за иднината на Македонија но пред се и над се за иднината на младите, изјави претседателот на СДММ, Марко Михаиловски.

– Тоа е единствената шанса за вистински промени и напредок каков што очекуваат младите. Со членство во ЕУ можеме да ги подобриме состојбите во образованието, судскиот систем, здравството. ДПМНЕ и Силјановска ќе го закочат, ќе го блокираат патот кон ЕУ а младите немаат време за губење. Гласот за СДСМ и за Стево Пендаровски е глас за европската иднина на младите. Глас за нови можности за младите, подобро образование, пристап до финансии и фондови, за нови и добро платени работи места, за подобар животен стандард, тука, дома. Младите не се откажувaат од иднината – рече Михаиловски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски