(ВИДЕО) Михаилоски: Младински додаток од 3000 денари за млади вработени во производство и земјоделство

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку бројни мерки во континуитет покажува вистинска грижа за младите во нашата држава.

Во таа насока е носењето на Законот за младински додаток кој обезбедува месечна исплата од 3.000 денари на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, а се вработени во производствена дејност или се занимаваат со земјоделство.

На овој начин се овозможува подобрување на животниот стандард на младите и се стимулира атрактивноста на стручните занимања, за кои на пазарот на трудот постои голем интерес“, рече Марко Михаилоски, член на Извршен одбор на СДММ.

„Истовремено им се излегува во пресрет и на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, која тие ја бараат меѓу стручно образованите млади луѓе.

Законот за младински додаток ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот раст на економијата, а со тоа ќе се придонесе за зголемен вкупен економски раст и развој во Република Северна Македонија.

Младинскиот додаток, заедно со мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување кои вклучуваат тренинзи и оспособување на младите за профили кои се барани на пазарот, во огромна мерка им отвора нови шанси за вработување на младите.

Потврда за сите заложби на СДСМ и Владата изминатиот период е и намалувањето на стапката на невработеност кај младите на 35%, која е значително намалена во однос на 2016 година, кога во времето на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 48,2%.

Затоа на 12 април, граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ, кои овозможуваат младите да ја градат иднината во својата татковина!“, изјави Марко Михаилоски, член на Извршен одбор на СДММ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема