(ВИДЕО) Мицкоски: Заев дојде на лидерска со цел да не се постигне договор

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи по вчерашната лидерска средба која траеше речиси седум часа, а на која не беше постигнат договор со премиерот Зоран Заев, за законот за Јавно Обвинителство со што би се решила судбината на СЈО.

Мицкоски рече дека била постигната согласност во однос на предлогот што го дал Заев да се формира Јавно обвинителство што ќе гони дела за висока корупција. Тоа Јавно обвинителство би било на исто ниво како Обвинителството за организиран криминал, што го предводи Вилма Русковска, а шефот на ова обвинителство да биде избран од најголемата опозициска партија.

Предлогот на Заев бил ако власта не го прифати предлогот на опозицијата за шеф на ова обвинителство, Советот на јавни обвинители да избере еден од десетмнината помошници на Катица Јанева од СЈО.

„Кога прашавме – а кој ќе ја гони Јанева за „Рекет“, Заев рече дека тој предмет си останува таму каде што е. Ова значи дека новото обвинителство би се занимавало само со корупција на избрани и именувани високи функционери од власта, но само за нови предмети. Тоа значи дека „Глобал“, „Поткуп“, „Рекет“, а понатаму ќе има и рекет 2, 3, 4, нема да бидат гонети од страна на ова обвинителство. Ние со тоа не се согласуваме, и затоа преговорите пропаднаа“, рече Мицкоски.

Тој рече дека не гледа никаква правна пречка предметите, но и истрагите и предистрагите од СЈО да се пренесат во Јавното обвинителство на Љубомир Јовески. Според Мицкоски, Заев се обидува да се искупи и да се обиде да го контролира Обвинителството и да ја заштити фамилијата од криминалот.

„Беше блед како крпа. Тој сака да го контролира Обвинителството за да не одговара за „Рекет“, рекет 2, рекет 3 рекет 4 и да не се стигне до Кирацовски и Ременски. Планот му беше да не се постигне договор“, рече Мицкоски, но сепак остави отворен простор понатаму да се разговара на истата тема.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски