(ВИДЕО) Мицкоски: во Брисел ги повторивме нашите позиции за Македонија

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски состанокот со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, денеска во Брисел го оцени како „пријателски и прилично продуктивен“, на кој, како што изјави по сребдата „апсолутно ги повторивме нашите единствени позиции“.

На средбата, како што информира Мицкоски, повторно било разговарано за актуелните теми, нормално приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување на преговорите.

-Добар ден од Брисел. Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, пријелска средба. Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба. На состанокот апсолутно ги повторивме нашите единствени позиции кои што навистина се позиции достоинствени после сите оние понижувања кои што ни се случија во минатото, изминатите 25 години откако практично почна овој наш пат кон приближување кон Европската Унија, изјави Мицкоски по средбата, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Според Мицкоски, имале пријателски и „би рекол прилично продуктивен состанок, едноставно сето она кое што претставува наш приоритет е и приоритет на господинот Кошта“.

-Покрај приближувањето кон ЕУ и отпочнувањето на преговорите, имаше уште неколку проекти кои што се за нас стратешки важни, тоа е гасниот интерконектор со Србија и крак на гасниот цевковод кон соседно Косово. Понатаму, тарифите за челикот и челичните производи на македонските производители, како и заедничкиот проект што нашата македонска Влада ќе го има со Европската комисија, а се однесува на проектите кои што треба да ги реализираме во Кочани и во кочанскиот регион. Сè на сè, можам да кажам дека исклучително успешна и продуктивна средба, продолжуваме и понатаму со нашите средби овде во Брисел. Имаме настан со Еуроњуз, имаме вечер вечера со комесарката Марта Кос и се надевам и сигурен сум на позитивни вести, изјави Мицкоски по средбата.

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски