(ВИДЕО) Мицкоски: Ова чествување е „примитивна естрадна политика“

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека чествувањето на Гоце Делчев е како заробеници во сопствена држава. Според него, се случува „примитивна естрадна политика“. Тој посочи дека од една страна е горд, од друга разочаран поради ваквото чествување на Делчев.

„Чуден ден е денеска. Две чувства имам кај мене. Првото е почитта кон македонецот Гоце Делчев за тоа што го направил за македонскиот народ. Ние сме горди што имаме еден таков човек да го славиме и е дел од нашата историја и нашиот историски ген. Тоа е чувство на задоволството и среќа кај секој Македонец. И второто е чувството на разочараност, кое го имам чекорејќи од првата кон втората барикада до оваа црква. Наместо да се зближуваме и да се зголемува пријателството ние сме подалечни од било кога. Пред 68 месеци ветуваа живот, дека Македонија ќе ја однесат во Европа, денеска сме по нивото на корупција со Тунис. Денес имате безбедносни мерки од прв степен, хеликоптери надлетуваат како во воените времиња“, посочува Мицкоски.

Тој објасни дека ќе има повеќе делегации од ВМРО-ДПМНЕ. Протоколот налагал да доаѓаат една по една на гробот на Гоце Делчев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски