(ВИДЕО) Мицкоски: На 16. февруари ќе се избере кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори

Од:

„На седницата на Извршниот Комитет разговаравме за две точки. Првата точка е актуелната економска и политичка ситуација во Република Македонија каде што ги констатиравме сите оние промашувања од страна на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев. Подетално ќе разговараме на седницата на Централниот Комитет на партијата, но исто така го утврдивме и гантограмот на активности кој што ќе следува во периодот, а тој се однесува на избор практично на претседателски кандидат кој што ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, кој што треба да кулминира со, се разбира изборна конвенција која што ќе се одржи на 16 февруари 2019 година“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Практично денеска донесовме заклучок на седницата на Извршниот Комитет кој што подоцна ќе биде презентиран пред Централниот Комитет и од кој што ќе бараме поддршка, а тоа е дека најдоцна до 11 јануари 2019 година ќе биде објавен оглас на кој што согласно законот ќе можат сите граѓани на Република Македонија да поднесат кандидатура, оние граѓани кои ќе ја очекуваат и бараат поддршката на ВМРО-ДПМЕН на следните претседателски избори.

Огласот ќе трае десетина дена, потоа ќе се констатира листата на пријавени кандидати кои што ќе ја бараат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за следните претседателски избори, а потоа во рок од 15 дена, но не подоцна од 10 февруари ќе трае нивното образлагање на визијата како иден претседател на Република Македонија за политиките кои што ќе ги водат во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ средби со граѓани и така натаму, а потоа на 16 февруари ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе го избере претседателскиот кандидат односно кандидатот кој ќе ја добие подршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, на избори кои што имајќи ја во предвид актуелната политичка ситуација во државата но и новите политики кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промовира во периодот кој што следи очекуваме сериозна победа и победа која што ќе ја отпочне победата на следните предвремени парламентарни избори во Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање