(ВИДЕО) Мицкоски: Мнозинство за уставни измени нема

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека мнозинство за уставни измени во Собранието нема ниту по лидерската средба.

– Жалам што на лидерската средба не се зборуваше за енергетската криза, туку за она што ја интересира власта, уставни измени за дефокус од проблемите. Го поддржав и пратеникот Павле Трајанов да издејствуваме признавање на македонското малцинство, но немаше поддршка од другите. Ние сакаме Бугарија да ги почитува европските вредности. Македонците за ЕУ се откажаа многу во последните 30 години, а фрустрациите се големи. Јас имам два сина и не знам дали некој од нив ќе замине надвор од Македонија. Но сакам двајцата да останат и оттука да ја победуваат Европа и светот, истакна Мицкоски по лидерската средба во Собранието.

Тој додаде дека преговарчката рамка ваква каква што е не е вистинскиот пат кон Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ахмети: Приоритет се уставните измени

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски по четиричасовната лидерска средба: Отворена дискусија без заеднички заклучоци

Орце Костов

ВИДЕО: Во тек е лидерската средба меѓу претседателите на политичките партии

Горан Наумовски

Мицкоски ќе оди на лидерска: Промена на Уставот нема да има без јасни гаранции

Мицкоски: Лидерска средба за проблемите на граѓаните, а не за уставни измени

Катерина Павлова-Николовска

Ковачевски свикува лидерска средба

Катерина Павлова-Николовска