(ВИДЕО) Мицкоски: Лагите на СДСМ околу црните листи се последица на рејтингот на Заев кој драматично паѓа

Од:

Гледам во изминативе неколку дена почна еден чуден вештачки натпревар во дел од медиумите, за тоа кој бил со едните или кој бил со другите. Па дури и дел од оние пара-аналитичари почнаа да ни редат и зборови во уста, па тие самите да пишуваат некаква црна листа. И нормално во вештачкиот лажен амбиент создаден од лажните кујни на власта на прво место им е ВМРО-ДПМНЕ па 10 празни места, демек тоа е тоа. А делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција и криминал која се знае дека е широко распространет, стимулиран и заштитен од власта, не кажуваат ниту збор. Нема толку хартија, колку што има криминалци и корумпирани политичари во власта за таа црна листа, кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не ќе е ниту до тоа и дека не ги знаат нашите прозападни ориентации, или пак до толку да се незнајковци по историја па да не ја знаат генезата на ВМРО и дека во својата основа ја има борбата за своја Република, во време кога во Европа владеаја монархии и дека слободата и човечките правдини се нашето ново верују.

И ми стана јасно што е причината за таквиот натпревар. Нема тешка филозофија, до рејтингот е“, рече Мицкоски.

„Заев драматично губи, а разликата се зголемува. Нема човек кој мисли добро за оваа Влада и кој не е разочаран. И токму затоа адутот на Заев се парите за поткуп, заштита на криминалот и лагите за опозицијата.

Но, да се вратам кусо и на надворешната политика и ќе одговорам директно. ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери. Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски, повторувам македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија. Таа борба за мене е завет. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и секогаш била и ќе остане народна партија.

Главното прашање е колку со договорите се подобри квалитетот на живот и дали народот е задоволен неколку години потоа, каде се ветувањата на Заев дека ќе дојдат високите плати, бесплатното и квалитетно здравство, отворање на границите и бесконечни можности? Јас сум реалист и треба реално да се говорат работите“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски