(ВИДЕО) Мицкоски: Куманово да не биде заложник на внатрепартиските битки и суетата на Спасовски

Од:

„Денеска е мојот шести ден во самоизолација, се чувствувам одлично и здравствено и физички. Ја користам оваа прилика да ви посакам добро здравје вам и на вашите семејства, на сите оние кои што се инфицирани од Ковид-19 вирусот побрзо закрепнување, а на медицинските лица, припадниците на МВР, армијата да им се заблагодарам за сето она што го прават за македонските граѓани и за Македонија.

Денеска ја користам оваа прилика да коментирам 4 теми кои што се актуелни изминативе денови. Би започнал со можеби најактуелната а тоа е состојбата со Ковид-19 вирусот во Куманово. Во текот на вчерашниот ден имавме голем број на апели на кумановчани па дури и на градоначалникот на Куманово до владата за прогласување на кризна состојба и поуспешно справување со Ковид-19 вирусот и оваа пандемија која што ни се случи. Но од друга страна видовме еден примитивен инает, надменост би рекол лична фрустрација и суета од страна на владата и техничкиот премиер Оливер Спасовски кој никако позитивно да одговори на барањето на кумановчани и градоначалникот на Куманово. Иако и кумановчани и сите ние сме сведни дека пред некоја недела дека токму лично тој под превезот на хуманитарна помош за ранливите социјални категории се обидуваше да спечали некои политички поени, на тој начин некако го рашири Ковид-19 вирусот и пандемијата во Куманово“, вели Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Куманово да не биде заложник на внатрепартиските битки и суетата на Спасовски, нека прифатат да прогласат кризна состојба, добро е што владата ја прифати идејата за државни записи и да не манипулираат со реформата на пензиските фондови. Полна поддршка за министерот Чулев, законот мора да важи за сите подеднакво.

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 15 април 2020

„Ја користам оваа прилика да апелирам до него да ја надмине личната фрустрација и суета и да излезе позитивно во пресрет на барањата на кумановчани и градоначалникот на Куманово бидејќи има време и за внатрепартиски пресметки има време и за политичка битка, сега е најважно здравјето на граѓаните и да го поразиме овој вирус којшто за жал е наше денешно секојдневие.,

Втората тема која што сакам да ја коментирам е економска и е по0врзна и е поврзана со предлогот кој што ВМРО-ДПМНЕ изминатите неколку недели гласно о артикулираше и го рефлектираше во македонската јавност, а тоа е намалување на стерилизацијата на практично на македонските банки во Народната банка и трансфер на дел од таа стерилизација во министерството за финансии т.е. директно во буџетот на Македонија, а од друга страна тоа што ќе остане како ликвидност да биде директна поддршка за бизнисот бидејќи таа им е сега најпотребна во овие услови на пандемија“, кажа Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски