А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Габриела Димковиќ-Мишевска
Видео Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски ќе предложи нов кандидат за технички министер во МВР

by Габриела Димковиќ-Мишевска02/01/2020 - 14:0002/01/2020 - 14:02911
Share0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе предложи нов кандидат за технички министер во Министерството за внатрешни работи, откако власта го одби предлогот Драган Ковачки да биде прв човек на МВР поради наводен судир со Уставот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој рече дека се прават последните консултации и во текот на денот ќе го објават новиот предлог. Според Мицкоски, отфрлањето на предлогот Ковачки да биде технички министер „го оддава стравот на премиерот Зоран Заев од соочување со народот и стравот од избори“.

„Ова е рефлексија на трулиот систем кој отфрла професионалци. Професионалците не се природна средина ниту за Оливер Спасовски ниту за Зоран Заев. За да го отфрлат предлогот тие си зедоа улога и да бидат уставни судии и се повикуваат на членот 97 од Уставот. Но, членот 23 од Уставот е јасен, дека секој има право во државата да врши јавни функции, а во Уставот немаме категорија технички министер и техничка влада“, рече Мицкоски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сепак, рече тој, се решиле да предложат ново име за технички министер, бидејќи, „секој поминат ден со оваа власт е поголема штета за државата“.

„Јас нема да дозволам да избегаат од избори и да се соочат со одговорноста. Отпорот на Заев кон кандидатот е неправда, но најголма неправда би било тој да избега од избори. Затоа ќе предложам ново име за кандидат, Заев ќе падне и заедно со народот ќе ги поминеме сите препреки“, вели Мицкоски.

hristijan mickoskimvrtehnicka vladatehnicki ministervmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски18/06/2026 - 09:1418/06/2026 - 10:24

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

Горан Наумовски17/06/2026 - 11:54

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски17/06/2026 - 09:2717/06/2026 - 10:00

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

Горан Наумовски16/06/2026 - 09:57

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

Горан Наумовски15/06/2026 - 12:41

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on14/06/2026 - 13:4114/06/2026 - 13:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто