Како со сѐ во државата, власта и Заев ги опустошија и езерата за личен профит, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Тиквешко езеро намалено за 70%, eзеро Калиманци намалено за 75%, eзеро Турија намалено за 65%, Прилепско езеро намалено за 85%, Преспанско езеро – изгубена вода во количина колку две Дојрански езера, Стрежевско езеро намалено за 72,5%, oчајна е состојбата со Мавровското и Дебарското езеро. Негрижата ги уништува македонските езера. На удар се граѓаните и престои проблем со вода за пиење, на удар ќе бидат и земјоделците и своите посеви, а со тоа и економијата. Зоран Заев се што фати исуши. Негрижата поради неспособност и жед за пари мора да престане и да се казни. Неопходна е обнова која ќе донесе способност, работа, план и резултати.
Обновата победува!, пишува Мицкоски на Фејсбук.