Го дадов мојот потпис против фалсификат попис. Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение информираше дека граѓаните на Струмица, Радовиш, Гевгелија, Прилеп и Пелагониско, Кочани, Делчево, Виница масовно се потпишуваат против, како што велат „фалсификат попис“.
„Денеска официјално почна иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на граѓански потписи против насилниот попис кој го турка Заев.
Заев сака да спроведе политичка, наместо статистичка операција и да злоупотреби процес како пописот за политичка игра.
Граѓаните во масовни бројки покажаа дека се против импровизациите на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


