(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

Од:

Оваа ќе биде година на реформи, во која ќе се завршуваат проектите и ќе се ставаат во функција објектите, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новата градинка „Сончогледи“ во општина Гевгелија.

Според него, 2026 ќе биде година на големи и крупни чекори во делот на градежништвото, образованието, енергетиката, економијата, земјоделството…

– Генерално, ќе биде година на реформи. Имаме јасен план, имаме јасна агенда. Ова честопати го кажувам, граѓаните, но и бизнисот, не треба да се грижат, бидејќи оваа Влада работи според план, динамика и однапред подготвени решенија за сите потенцијални проблеми кои што предходно ги антиципирам, изјави Мицкоски.

Тој потсети дека градинката во Гевгелија е четврта нова градинка пуштена во употреба од почетокот на годината, односно за само осум дена четири градинки се во функција.

– Четири градинки се веќе во функција, опремени со персонал и со надгледни средства, целосно функционални. Така продолжуваме и во периодот кој што следи да пуштаме во функција објекти кои што се завршуваат во делот на детската заштита, тоа се градинките, секако училиштата се тука, рече Мицкоски.

Според него, во тек е реализација на голем број проекти и за училишта, како што се реконструкција, доградба и изградба на нови, како и спортски сали и базени. Најави дека кон крајот на месецот неколку ќе бидат ставени во функција.

– Сето она кое што го ветивме, сето она што беше составен дел од првиот и вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, се интензивира, се работи и се пушта во функција, истакна премерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски