(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во телото за помирување, но можеби ќе ги почитува одлуките

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во координативното тело за помирување, но можеби ќе ги почитува неговите одлуки, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој рече дека ако власта го прифати нивниот предлог-закон за амнестија, тоа ќе го сфатат како порака за неселективна правда.

„Доколку господинот Заев навистина сака да има национално помирување треба да бидат ослободени институциите да работат без притисок што оваа власт во моментов го прави врз сите институции, вклучувајќи ги и судските. Во координативното тело за помирување ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува затоа што со истото ќе претседава човек којшто на срамен начин беше избран на местото во Собранието на очиглед на целата македонска јавност со кршење на деловникот и процедурите за избор. Но ако тоа координативно тело што ќе работи на помирување донесе одлуки и ставови што ќе бидат прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа значи неселективна правда и можност за учество и праведност кон сите учесници во настаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи неговите одлуките“, рече Мицевски.

Според него, доколку власта сака да покаже неселективност, тогаш ќе го прифати предлог-законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ со кој се опфатени сите инволвирани во настаните од 27 април.

Мицевски рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе има координација за уставните измени.

„Имајќи ги предвид брзината на развојот на настаните и промената на ставовите на Заев, којшто до пред неколку дена нè убедуваше дека некои делови нема да бидат вклучени во уставните измени, ние денеска ќе се состанеме и ќе донесеме ставови за дејствување за кои ќе бидете известени“, рече тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски